Македонскиот ракометен вицепрвак Металург ќе се натпреварува во Лигата на шампиони и оваа година благодарение на вајлд картата која им ја додели ЕХФ. По разгледувањето на сите пристигнати барања, централата со седиште во Виена одговори позитивно на македонскиот тим.
Металург ќе виде сместен во Ц или Д групата, а негови потенцијални противници се Бешикташ (Турција), Динамо Букурешт (Романија), Мотор (Украина), Чеховски медведи (Русија), Елверум (Норвешка), Холстебро (Данска), Нант (Франција), Монпелје (Франција), Ла Риоха (Шпанија) и две екипи од квалификации.
Македонија и сезонава ќе има два преставника во Лигата на шампиони. Првакот Вардар ќе игра во А или Б групата.
Системот останува истиот од лани, а ждрепката за групите ќе се одржи на 1 јули во Глоструп, Данска.
OhridNews