Последниот македонски “мохиканец“ во ракометните евро купови Металург во првиот натпревар од осминафиналето во Купот на ЕХФ го совладаа шпанскиот претставник Гранољерс со 29:26..
Победата на нашите ракометари во овој меч можеше да биде изразена и со поголема разлика но во финишот од средбата до израз дојде македонскиот менталитет па не успеаа да ја задржат предноста од пет гола.
Сепак ако се има в предвид од каде доаѓа противникот и овој резултат е повеќе од добар .
Реванш мечот е за седум дена во Шпанија.