Единствениот македонски женски преставник во европските натпреварувања ракометарките на Металург го добија својот противник во 1/8 финалето од европскиот Челинџ Куп.
Противник ќе биде реномираниот тим од Словачка – Слован Дусло Шала. Првиот натпревар нашите ракометарки го играат на гостински терен, а ќе се игра на 6-ти или 7-ми февруари наредната година, додека реваншот е седум дена подоцна во Скопје.
Tимот на Металург обезбеди пласман меѓу најдобрите во Челинџ Купот по триумфот во двата натпревари против чешкиот претставник – Каста Сокол.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com