Македонските екипи денес ги дознаа ривалите во ЕХФ купот. ГРК Охрид стартува од второто коло од квалификациите  и ќе игра со Потаиса Турда од Романија.

Алкалоид исто така во второто квалификациско коло ќе се соочи со Драгунас Клаипеда од Литванија.

Тиквеш кој стартува од првото коло за противник го доби тимот на Драма од Грција.

„Гладијаторите“ првиот натпревар го играат на домашен терен на 19/20 октомври, а реваншот е во Романија една недела подоцна на 26/27 октомври.

OhridNews