После трите победи над Монпеље, Порто и Мотор Запорожје на стартот од сезоната бранителот на титулата во Лигата на Шампоините, Вардар претрпе два убедливи порази од Кил 31-20 во Скопје и од Веспрем 39-30 во Унгарија. ЕХФ низ анализа го лоцираше проблемот на Вардар, кој излегол на виделина во двата последни мечеви кои „црвено црните“ убедливи ги изгубија.
Како што анализира ЕХФ, проблемот на Вардар е во играчкиот ростер а не на клупата каде што прво направија измени „вардарци“. Клубот го смени Давид Писонеро од прв тренер и го префрли помошник, додека за привремен прв тренер го назначи селекторот на Русија Едуард Кокшаров.
- Откако постигна само четири гола во првото полувреме против Кил, Вардар почувствува дека е време за промена, иако европскиот првак загуби само еден меч. Едуард Кокшаров го презема тимот, Писонеро стана помошник, но проблемите на Вардар не се на клупата, туку во составот. И покрај тоа што тимот маскира сè со стартните три победи, на македонскиот тим потребни му се подобри имиња на секоја позиција, по егзодусот кој го снајде минатото лето. Нема лесен начин да се направи тоа, но Кил и Веспрем му дадоа 70 гола на Вардар, а во првите три меча се прими 88 гола. Нападот исто така имаше проблем, со многу промашени шутеви од Кристопанс, Дибиров или Скубе, па борбата за Ф4 турнирот во Келн изгледа се потешка од рунда во рунда. – стои во анализата на ЕХФ:
Во следните два натпревари Вардар на домашен терен ги пречекува Мешков Брест и Киелце. Дуелот со полскиот клуб Киелце е избран за дерби на колото.
OhridNews