Европската ракометна федерација ги суспендира германските судии Франк Леме и Бернд Улрих кои требаше  да ја делат правдата на дуелот во Скопје на нашата машка сениорска репрезентација против Исланд во квалификациите за ЕП. Двоецот Леме-Улрих е обвинет за корупција, во обновениот процес против нив активен од 2006 година.
 
ЕХФ го суспендира судискиот пар на неодредено време, откако побараа нови информации за нерасветлениот случај од пред 3 години, кога Леме и Улрих беа фатени од руската царина како се обидуваат во торба да пренесат од Русија 50.000 долари! И тогаш, а и сега, има отворен сомнеж дека германските судии примиле мито за да го „наместат“ дуелот меѓу Чеховски Медведи и Ваљадолид во финалето на КПК.
 
Со новата одлука на ЕХФ, на дуелот во Скопје против Исланд ќе ни суди нова германска двојка, Рајнер и Бернд Мете.

ohridnews