Европската ракометна федерација (ЕХФ) во своите простории во Виена, ги извлече групите за квалификациите за Европското првенство, кое во 2022 година ќе се одигра во Македонија, Црна Гора и Словенија.

Преку квалификациите, пласман на првенството ќе бркаат 24 репрезентации, кои се поделени во шест групи, во секоја од нив има по четири национални тима. Најдобрите две од секоја група ќе изборат пласман на ЕП.

Пласман на првенството покрај организаторите Македонија, Црна Гора и Словенија има обезбедено и актуелниот шампион, Норвешка.

Најнеизвесна борба за првите две места се очекува да има во групите 4 и 5, Шведска и Србија се фаворити во групата 6, додека во првите три групи како апсолутни фаворити се издвојуваат Русија, Данска и Холандија.

  • Групите:

Група 1: Русија, Полска, Швајцарија, Литванија

Група 2: Данска, Романија, Австрија, победник на претквалификациите, Група 3

Група 3: Холандија, Германија, Белорусија, победник на претквалификациите, Група 2

Група 4: Франција, Хрватска, Чешка, Украина

Група 5: Шпанија, Унгарија, Словенија, победник на претквалификациите, Група 1

Група 6: Шведска, Србија, Исланд, Турција

OhridNews