натпревар, во Купот на ЕХФ, против германскиот Магдебург. Вардар на
првиот меч во Германија загуби со 27:30, но ракометарите на Магдебург се
свесни дека во СРЦ Кале ги очекува вистински пекол.
Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, очекува тежок меч и посакува
неговиот тим во 58-та минута, в недела, да има предност од четири гола и
напад.
„Магдебург е тежок противник. Според играта на првиот меч можеме да
жалиме што немаме некој друг резултат, но против германска екипа ниту
еден резултат не гарантира пласман во следната фаза. Доколку добро
стартуваме, ако не правиме грешки, имаме шанси за победа. Имаме квалитет
за победиме со потребната разлика, но мора да имаме висок процент на
реализација и добри голмани“, рече тренерот на Вардар Про.
Вујовиќ и на оваа средба нема да може да смета на повредениот Раковиќ,
десниот бек Петриќ поради повреда не тренирал речиси цела недела, додека
Карачиќ и Рајковиќ се повредиле на тренингот во средата, но според
тренерот последните тројца ќе бидат подготвени за мечот со Магдебург.
Најверојатно во составот на тимот ќе биде и репрезентативецот Стојанче
Стоилов, кој од дисциплински причини не беше во составот на првиот меч.
Тој заедно со тренерот, капитенот Филип Лазаров и претседателот
Михајловски беше присутен на прес конференцијата.
Натпреварот од Купот на ЕХФ, помеѓу Вардар Про и Магдебург ќе се одигра в недела со почеток во 18 часот.