Европската ракометна федерација (ЕХФ) го нарече возбудливо и уникатно Европското првенство за ракометарки што се одржа во Македонија од 2 до 14 декември.

Во писмото до Ракометната федерација на Македонија, ЕХФ изразува благодарност за сите што беа вклучени во организацијата за надминувањето на тешкиот период на подготовки и многуте пречки.



Позитивните повратни реакции од учесниците покажуваат дека не само врвното спортско ниво на овој настан, туку и вашето гостопримство е препознаено и високо ценето и од меѓународната спортска јавност во целина и посебно од европското ракометно семејство-, се вели во дописот од ЕХФ до РФМ.

ohridnews