Европската ракометна федерација (ЕХФ), денеска, ги објави шестте екипи добитнички на вајлд карта кои ги комплетираат учесниците во новата сезона во Лигата на Шампиони.

Среќни добитници се Веспрем (Унгарија), Мешков Брест (Белорусија), Мотор Запорожје (Украина), Монпеље (Франција), Динамо Букурешт (Романија) и Елверум (Норвешка).

Покрај овие шест екипи, директно место во групната фаза обезбедија екипите на Вардар, Загреб, Фленсбург, Кил, Келце, Барселона, ПСЖ, ПИК Сегед, Порто и Алборг.

Шеширите пред ждрепката ќе бидат објавени во текот на утрешниот ден, а ждрепката ќе се одржи на 2 јули од 11 часот.

OhridNews