Две победи по три одиграни  натпревари е билансот на Македонија на ракометниот Мундијал во Хрватска. Некој да ни понудеше ваков скор на стартот на првенството, сигурно со две раце ќе го прифатевме.

Отварањето на Мундијалот беше во грч, несреќно, налетавме на Тунис и самите се поразивме. Не успеаја момците да го издржат притисокот на нивните плеќи и бевме поразени минимално. Скршени, разочарани останаа Македонците ширум светот.


Следуваше Алжир, натпревар кој однапред го имавме добиено, но по мечот со Тунис, нашите очекувања беа резервирани. Ракометарите одиграа на нивото на кое од нив се очекува по што следуваше победа која требаше да ја залечи раната.


Доаѓа Полска. Натпревар да се биде или не. Ракометна рапсодија обоено во црвено – жолто се слуша од спортската сала во Вараждин. Лазаров и другарите ја совладаа сребрената селекција од последниот мундијал.


Се вративме во игра.

Денес е слободен ден во Хрватска.

Калкулаторите ќе се вжештат од комбинирање која е добитна комбинација за нас?

Ех тој Тунис, сега се `ќе беше готово. Но нема откажување, останува да бидеме со нашите херои во последните два меча во групата. Германија утре (17.30 ) и Русија (15.30) ден потоа.

М.Постоловски