Да можеше природата да зборува, ќе имаше многу да ни каже за нашиот однос кон неа. Каде и да се завртиме има отпад. Не се поштедени парковите, плажите, шумите, езерото, но и јавните површини. Дел од сметот кој зад себе го оставиле несовесните граѓани денеска беше собран во акцијата за чистење на Охрид во која учествуваа граѓани, невладини организации, јавни претпријатија, политичари и други. Еве дел од тоа што тие затекнаа во нашето непосредно опкружување:


Не е лошо малку повеќе да ја цениме природата

Ohridnews