Египќанка која не можела да ја трпи неподносливата смрдеа на својот маж, добила развод затоа што успеала судот да го увери колку животот со него и бил мачен.
И покрај молбите на сопругата 39- годишниот наставник упорно одбивал да се мие со сапун и да мие заби.
Очајна поради неподносливата смрдеа која се ширела околу нејзиниот маж, оваа 37-годишна жена ги одбила сите обиди за помирување, па судот во Хелиопелис, предградие на Каиро, единствено можел да прогласи развод.
Ј.М.