Египќанката Газала Камис родила седморка во болницата Ел-Шатби во Александрија, изјавил во саботата директорот на болницата Емад Дарвиш.


Камис (27) сега е стабилна откако примила трансфузија на крв за време на царскиот рез поради крварењето.

Четири момчиња и две девојчиња се наоѓаат во инкубаторите на четири различни болници бидејќи се родени 2 месеца пред терминот. Камис сега е мајка на 10 деца, дома веќе има три девојчиња.