Донесувањето на законот за спречување и заштита од дискриминација, донекаде и ќе ја амортизира таа состојба на т.н дискурс на позиционирање по нивоа на етничките, оние помали заедници во Македонија, кои макотрпно се борат да фатат што подобра пол позиција за реализирање и уживање на уставно загарантираните права и слободи.Ова , во крајна линија неприродна состојба, произлегува од самата парламентарна демократија која го фаворизира колективитетот виза ви индивидуата, поединецот , граѓанинот. Но, тој модел на демократија , самите си го одбравме, и еве ги консеквенците од за мене неприфатливата и нефункционална во вакви сложени социопоплитички односи помеѓу самите етникуми.
Оваа состојба неминовно го опфати и онака кревката и мала етничка заедница на Египќаните, која мораше да се бори и внатре во самиот колективитет и надвор, со ограничувачките фактори, што секако е ужасно тешка работа. Но, работите се усложнуваат во оној момент кога ке преовладува индивидуал-материјализмот, кога ќе се умешаат некадарни и во најмала рака ,,шиткачи,, заради остварување на личен интерес, притоа безмилосно рушејќи се што некој направил на научно поле, некој на општествен план или некој Египќанец ,,крваво,, се борел на политички план. Но, тоа во овие квазидемократии се нормално ненормална појава.
Таквата состојба доведе до поделби внатре во самиот етнички капус, во дикрепансата дека едните се ,,елитисти,, демек пообразовани, полични,,пази богати,, поафторитетни, а пак другите припаѓаат на авторот на овој текст и во народот познати како ,, конзервативно полулистички Демироподржувачи. Таа поделба, секако дека има своја предходница. Не е спорен ноторниот факт дека Сојуз на Египкани беше партија која програмски беше десноцентристички ориентирана, прифајќајќи ги позитивните страни на народните партии, а јас како нејзин основач секако дека ја имав улогата да ги промовирам тие вредности. Признавам, понекогаш бев и толку наметлив, што се раѓаа и контраефективни состојби, но сума-сумарум, мислам дека дадов силен придонес да се заштити и од надвор но и од внатре самиот етникум од асимилација.
Но, она по што страшно жалам е фактот што цело време на наша страна беа медиумите, пријателите, видни интелектуалци како што се др Митко Дабески, прим др Илија Пранговски, Ване Баткоски, Рубенс Наумовски, г дин Веле Митаноски, проф д-р Ристевски, Сашо Точко, градоначалникот на Охрид, г дин Петрски, Дејан Паноски, Васви Доко и многу други кои не охрабруваа, подржуваа кон нашата исконска цел зачувување на идентитетот. За зал, тоа или не знаевме како да го валоризираме или не сакавме. Вината за ваквата очајна позиција на Египќаните лежи најмногу во нив самите, кога пред изборите буквално се продаваа за масло, брашно и други прехрамбени продукти. Во таков случај ти си ,,купен,, и нема право да бараш нешто што ти следува со законски пропис и слично. Тоа, дефинитивно „шиткачење“ мора да плати цена. Таа цена е олицетворена во тоа што сега други ќе раководат со нас , кога ние самите не знаеме. Но, лично нема да ја дозволам таа ерозија на моралот, повикувам на обединување, Изготвување на Програма прифатлива за сите и упорно барање на правата и слободите, надминување на суетите и конечно поставување на политички лидер на Египќаните, ама не авантурист, туку човек кој знае да повлече, да биде храбар и пред се одлучен во насока на остварување на стратешките интереси на овој ранлив етникум. Ако тоа не се направи, народот изгубен, обезглавен, на следниот попис , воопшто нема да му биде гајле што ќе се попише, битно ќе му биде само едно, да ја обезбеди голата егзистенција, што секако е природно и приоритетно право.
Со почит, Демир Далип
Авторот е предводник на десното крило на Сојуз на Египќани на Македонија.