На новиот закон за јавна чистота кој започна да се применува на 20-ти овој месец му се посветува големо внимание, особено во медиумите, а паднаа и првите казни за непочитување на неговите одредби.

Дали законот се применува подеднакво во Охрид, Тетово, Гостивар, Арачиново, Кондово и во останатиот дел од Македонија, прашуваат од политичката партија Сојуз на Египќани. Оттаму реагираат дека најголемиот број изречени санкции се однесуваат на Египќаните.

“Тоа ни дава простор јавно да прашаме дали законот важи за сите подеднакво или Египќаните се “експериментални  суштества” предодредени да го чистат градот бидејќи се материјално најзагрозена категорија”,  велат од раководството на партијата.
” Ова, додаваат од Сојузот на Египќани, е вовед во кршењето на демократските права и слободи”.

Од политичката партија на Египќаните најавуваат дека ќе бидат алармирани релевантните меѓународни институции, како и организациите кои ги третираат човековите и пред се, малцинските права.

Ohridnews