Иницијативниот одбор за египќанско национално единство размислува за можноста Египќаните да не излезат на избори и да го бојкотираат наредниот попис на население  кој треба да се спроведе во 2011 година.

Како образложение за ваквиот евентуален чекор,  Еѓипканите го наведуваат тоа што не се дел од реализирањето на   Охридскиот рамковен договор и што несоодветно се евидентирани од страна на Државниот завод за статистика.

Како што тие велат, секојдневно се третирани како граѓани од втор ред и се злоупотребуваат за време на избори.

OhridNews