“Нашата соработка со ВМРО-ДПМНЕ продолжува и натаму, но се уште не се знае дали на локалните избори што треба да се одржат напролет, ќе настапиме самостојно или во коалиција со нашиот политички партнер”, рече на денеска на прес-конференција, секретарот на Сојузот на Египќани, Демир Далип. Според него, очекувањата на Египќаните се дека во идниот состав на општинскиот совет ќе имаат намалку двајца членови.


“Разговорите со коалиционите партнери околу донесувањето на Законот за недискриминација ќе продолжат и натаму”, најави Далип и потенцира дека  со донесувањето на овој закон, не само што ќе им с еовозможат правата на Египќаните, туку и на Македонија ќе и се отвори патот кон евроинтеграциите.