Повеќе од една година во Охрид со доброосмислена акција се врши асимилација на Египќаните од страна на Ромите. Им се ветува и поголема социјална помош и полесно вработување, како и други бенифиции само да се декларираат како Роми, истакна на  прес-конференција претседателот на Сојузот на балканските Египќани Рубин Земон, пренесува МИА.

Тој, како што се наведува во веста, вели  дека дел од Египќаните се изјаснувале како Албанци или Турци сметајќи дека полесно ќе се вработат според Законот за правична застапеност на етничките заедници.

Во Охрид има околу 2.000 Египќани, а само 69 Роми дојдени во последните 10-ина години, а според Земон, притисокот на Египќаните во Охрид за нивно декларирање како Роми доаѓа од Скопје.

Градоначалникот на Охрид Александар Петрески рече дека со ништо не смее да се наруши хармонизацијата и добрите меѓучовечки односи во Охрид и не смее да се дозволи натамошна асимилација на Египќаните.

Петрески како што пренесе МИА, најавил формирање на комисија за односи меѓу заедниците при Општинскиот совет, а исто така дека е во тек и акцијата за збратимување на Охрид со Александрија во Египет.

ohridnews