Охридските Египќани се незадоволни затоа што не се застапени во пописните графи како посебен етникум.

– Бројот на Еѓипќаните е многу поголем од оној кој го прикажува Државниот завод за статистика, според кој во Македонија има три илјади Египќани, вели Демир Далип, од Здружението на Еѓипќани.

Според Далип, Египќаните ги нема никаде во државните институции и поради тоа тие одлучиле да го бојкотираат пописот на населението што треба да се спроведе идната година.

Еѓипќаните бараат да имаат претставник во Државната пописна комисија како и претставници во општинските пописни комисии во местата во кои тие живеат, со што би се утврдил реалниот број на Еѓипќани во Македонија.

OhridNews