Египќаните  од Охрид испорачаа серија барања, забелешки и закани до  градоначалниците на Струга и Охрид, и ги оббвинија  претставниците на ромската заедница за обид за асимилација на Египќаните.

Претставникот на Мултикултурната организација на Египќаните, Демир Далип, на  прес конференција, изјави дека неговата организација ја подржува изградбата на џамијата кај муслиманскуте гробишта во Струга за која градските власти тврдат дека е нелегална. Далип го повика  градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, да се “разберат“ на ТВ дуел на медиум на кој тој сака, со новинар кој сака, дури и му даде избор и да го одбере јазикот на кој сака да се соочи со него.   
 


Мерко да излезе на ТВ дуел – побараа Египќаните

Далип  го предупреди и  охридскиот градоначалник Александар  Петрески, дека сеуште не обезбедил простории за делување на нивната организација и дека тоа треба под итно да го направи, затоа што ги налутил египќаните. Доколку тоа не се случи Египѓаните ќе протестураат за време на одржувањето на НАТО форумот во Охрид, рече Далип.

Серијата закани Далип ја заокружи со ултиматумот  до Ромите на кои им порача да не ги користат средствата од Декадата на Ромите за асимилација на Египќаните.


Египќаните најавија протести

Египќаните на прес конференцијата се заблагодарија за приемот во кабинетот на премиерот минатата недела и изразија надеж дека институциите на системот ќе ги заштитат правата на египќаните и ќе помогнат за надминување на тешката социјална положба во која, како што беше речено, се наоѓа оваа етничка заедница.

Г.М.