Најновите меѓуетнички случувања во Република Македонија ќе бидат тема на заедничката прес конференција која денес во Охрид ќе ја одржат Сојузот на Балкански Египќани, Здужението на Египќани во Република Македонија и Мрежата за мултикултурно општество. Според најавите, на прес конференцијата ќе стане збор и за општествената положбата на малите етнички заедници во Македонија.
Прес конференцијата ќе се одржи во хотелот Ривиера со почеток во 11 часот.
OhridNews