Десното крило на политичката партија Сојуз на Египќани, со седиште во Охрид, ќе собира потписи, за Египќаните да добијат статус на посебен етникум, во Уставот на Република Македонија. Кампањата, за собирање на потписите, според планираното, треба да започне по новогодишните празници, по што ќе се направат и напори ова прашање да се најде и на дневен ред во Собранието на Р.М.
– Се надеваме на поддршката од сите политички субјекти во Собранието. Овој оптимизам се заснова и врз подршката која ја добивме од страна на лидерот на Нова Демократија, Имер Селмани, како и на другите помали вонпарламентарни партии, изјави Демир Далип, претседател на десното крило на Сојузот на Египќани.Тој објаснува дека иако на последниот попис немаше посебна графа за изјаснување на Египќаните, како останати, се запишале околу 3.600 граѓани од овој етникум.
Етничка идентификација на Египќаните е актуелна од деведесеттите години, на минатиот век, но тие, до сега не успеаја да добијат статус на малцинство и да станат дел од уставната преамбула. Се смета дека причина за оваа состојба е силното лоби на Ромите и неединството во заедницата на Египќаните. Под разни притисоци и ветувања, со години наназад, Египќаните се приклонувале кон разни политички партии, а во пописите се изјаснувале како Роми, Албанци, Турци итн.
Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2025 година Под мотото „Секоја капка е важна“ денес во периодот од 09:00 до 12:00 часот во просториите на СВР Охр...
Следната недела ќе биде објавен вториот повик преку Министерството за локална самоуправа за финансиска поддршка на општините со кој им се ставаат на располагање до 15 милијарди денари за капитални ...
Со низа настани и активности ќе биде одбележана 132-годишнината од упокојувањето на големиот охридски и македонски поет и преродбеник, Григор Прличев Настаните се одржуваат во рамки на манифестациј...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.