Политичката партија Сојуз на Египќани го повика министерот за правда, Михајло Маневски, во процесот на изменување и дополнување на Изборниот законик да загарантира место и за Египќаните. „Ние сме во изработка на модел кој ќе му го доставиме на министерот и во кој ќе понудиме, Египќаните, заедно со Хрватите и Црногорците да имаат барем ротирачко место во македонскиот Парламент“, рече Далип.
На денешната прес-конференција тој го повика и градоначалникот Александар Петрески доследно да го почитува Законот за локална самоуправа. „Египќаните се жалат дека не се добро услужени во Локалната“ потенцира Далип и додаде дека на Египќаните им следува место и во општинскиот совет.
„ Само со адекватна застапеност и на нашата етичка заедница, државата ќе има просперитет и иднина“, заклучи потпретседателот на Сојузот на Египќани.
Во врска со градоначалничката функција тој денеска изјави дека нема намера да се кандидира, зашто, како што рече, негоговата крајна цел не е фотелјата, туку отварање на Македонија кон светот, особено кон азиските земји и продлабочување на економските односи.
А.Р.