Потпретседателот на СЕМ, Демир Далип, истакна дека партијата прави се што е во нејзина моќ Египќаните да не се претопат во други етникуми, конкретно во Албанци или Роми. Притоа тој истакна дека партијата официјално ќе побара од меѓународната заедница да испрати инспектори за малцински права за да се утврди колкави права уживаат Египќаните во Р.Македонија, но и во соседните држави. Исто така партијата најави дека наскоро и официално ќе побара од градоначалникот Александар Петрески, согласно законот за локална самоуправа, да се отвори шалтерот за египќаните во Општина Охрид.
Кон серијата барања СЕМ го приклучи и тоа во Изборниот законик, кој е во фаза на подготовка, да се гарантира едно пратеничко место за Египќаните во Р.Македонија по примерот на Косово, како и да се донесе Законот за недискриминација. Во спротивно Египќаните не ја исклучуваат можноста да излезат на мирни протести.