Претставници на Мултиетничката организација на Египќаните во Македонија, со седиште во Охрид, предводена од претседателот Демир Далип, вчера оствариле средба со претставници на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија.
На средбата, претставниците на Канцеларијата на премиерот, како што е наведено во денешното соопштение од владината прес-служба, беа известени за состојбата на Египќаните во Македонија и проблемите со кои се соочуваат во областа на урбанизмот, образованието и социјалната заштита.
Со цел да се надминат изнесените проблеми и да се подобри интеграцијата на Египќаните во општеството договорено е ваквата комуникација да продолжи во иднина.