Египќанецот Саад Гума му ја понудил раката од својата 20 годишна ќерка на ирачкиот новинар Мунтазер ал-Заиди, кој американскиот претседател Џорџ Буш на прес конференција во Багдад го гаѓаше со чевли.
Студентката по новинарство Амал Гума се согласила на таа идеја. „Би била почестена. Би сакала да живеам во Ирак, посебно во врска со тој херој“, изјавила таа.
Нејзиниот татко го повикал братот на Заиди и му ја кажал својата понуда.„Немам ништо повредно да понудам од својата ќерка, и спремен сум да ја опремам со богат мираз“, рекол тој.
Гестот на Заиди предизвика големо внимание, одобрување и воодушевување во арапскиот свет. Неговиот одговор на оваа брачна понуда не е познат.