Египетските власти им забраниле брак на 92 годишен маж и 17 годишна девојка. Министерството за правда се повикало на законот во кој пишува дека разликата помеѓу сопружниците не смее да биде поголема од 25 години.
Египет го донел законот со кој се забранува брак на стари мажи со млади девојки за време на нафтената експанзија во земјите на Персискиот залив, кога богатите нафташи доаѓале во египетските села во потрага за сиромашни и млади сопруги.
Сепак и ова правило има исклучок, а еден од нив е ако младоженецот плати одреден, поголем износ, од име на сопругата во египетската народна банка.
Според податоците со кои располага египетскиот весник Ал-Акаб, само минатата година се склучени 173 такви бракови, а секој сопруг во просек платил по 80 илјади долари.
За несудениот 92 годишен младоженец не се знае многу, освен дека е Арап од една заливска земја. Портпаролот на мининистерството за правда рекол дека министерството со одлука за да се спротивстави на нивниот брак воедно спречило девојката да ја напушти земјата со сопругот.