Египетските цариници на меѓународниот аеродром во Каиро заплениле 190 килограми замрзнат говедски мозок кој три судански државјани се обиделе да го прошверцуваат во Египет, со намера да го продадат на локалните ресторани. Официјалните лица на аеродромот соопштиле дека ова е четврти пат оваа седмица како цариниците спречиле шверц на говедски мозок од Судан, што укажува на ширење на мрежата за шверцување на овој производ.
Говедскиот мозок бил прилично ефтин во Судан, а во Египет важел за специјалитет. Половина килограм говедски мозок во Судан може да се купи за помалку од еден долар, а во Египет да се препродаде по шест пати повисока цена. Последната запленета количина на пазарот во Египет би достигнала цена од 1500 долари. Рестораните кои припремаат јадења од мозок биле многу популарни во Египет. Воглавно се служеле пржени во масло или во пита со лут црвен сос.