Македонската ракометна репрезентација вечерва (19:00ч) во Ниш, Србија ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Египет.

Тестот со Египет ќе биде претпоследен. Македонската фаланга в сабота ќе го одигра последниот пријателски меч со Србија. После овие натпревари селекторот Ѕвонко Шундовски ќе го објави списокот на ракометари кои ќе патуваат на мундијалот во Шпанија.

Мх.П.