Македонската ракометна репрезентација, два контролни натпревари пред крајот на годинава ќе одигра со Чиле, а, не со Египет, како што беше прво објавено и договорено од Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Селекцијата домаќин на Мундијалот, Египет откажала поради ковид позитивни случаи и претпазливост, бидејќи до Македонија да стигнат требало да сменат неколку авионски летови.

Термините за контролните мечеви со Чиле не се прецизирани и ќе бидат дополнително објавени.

Селекторот Данило Брестовац до ИХФ го има испратено списокот со 35 ракометари, на кои ќе може да смета во периодот за подготовки. Македонија има статус на „прва резерва“ за Мундијалот во Египет.

OhridNews