Македонската ракометна репрезентација и на вториот контролен натпревар забележа победа. Избраниците на Ѕвонко Шундовски со 32-28 ја совладаа селекцијата на Египет на мечот одигран во Ниш, Србија.


Последните десет минути од првиот и вториот период беа решавачки за победникот на пријателскиот дуел со Египет.

Најефикасен во македонскиот состав со седум погодоци беше Кирил Лазаров. На шест голови стрелец беше Наумче Мојсоски додека Дејан Манасков постигна пет.

Последната контрола пред мундијалот во Шпанија, репрезентацијата ќе ја имаат денес во 18:30 часот против вицепрвакот од ЕП, селекцијата на Србија.

Мх.П.