Репрезентацијата на Египет е победник на Африканскиот куп, откако во финалето вечерва ја совлада репрезентацијата на Камерун со 1:0.

Стрелец на злато вредниот гол за „фараоните“ беше Терика во 76 минута на асистенција на центарфорот Зидан кој умешно украде една топка во шеснаесетникот на Камерум по катастрофалната грешка на Сонг.

За Египет ова е шеста титула на Африканските првенства, втора по ред. Египќаните и на ова првенство покажаа најмногу, и ги красеше тимска игра за која противниците немаа одговор.

Г. Момироски