Без победник 1-1 завршија првите полуфинални пресметки во националниот куп. Ренова и Турново се враќаат со постигнат гол во гости кај скопските Вардар односно Работнички.
“Романтичарите“ дојдоа во предност во 23 минута со голот на Пандовски, а на десетина минути пред крајот Георгиев стрелаше прецизно за изедначување 1-1.
Вардар и во третиот меч сезонава не успеа да ја совлада Ренова. “Гипсарите“ беа многу блиску до сезнационална победа, откако со автоголот на Вајс имаа предност се до 90 минута од мечот. Црвено – црните како и многу пати сезонава успеаа да се извлечат во финишот на мечот и тоа со голот на нигерскиот интернационалец Огобона.
Резултати: Вардар – Ренова 1-1, Работнички – Турново 1-1.
Реванш мечевите се играат на 25 април.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com