Поетот Ефтим Клетников е автор на поемата „Гоја на пат за Алба“ која вчера ја доби наградата „Григор Прличев“ за 2007 година што традиционално ја доделуваат редакцијата „Детска радост“ и Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид.
Поемата „Гоја на пат за Алба“ едногласно беше избрана од жирито во состав Драги Михајловски( претседател), и Венко Андоновски и Никола Маџиров, членови.
Оваа година на конкурсот беа пријавени 14 поеми. Победникот ќе добие статуетка и паричен износ од 1.500 евра кои ќе му бидат врачени на 6 февруари идната година во Охрид во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“.
Авторот е роден во село Негрево во 1946 година. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на Историја на југословенските книжевности со славистика. Објавил повеќе книги, меѓу кои „Зраци и самраци“, „Окото и Темниот“, „Маж и жена со лице спроти ѕвездите“, „Живиот камен“, Златна рипка“, „Лик и одраз“, „Островот Хипнос“… Преведува од руски, француски, словенечки, бугарски, српски и од хравстки јазик.
Иронично, Клетников наградата за најдобра поема ја доби на денот кога Министерството за култура го разреши од функцијата директор на Струшките вечери на поезијата.
Г. Момироски