Викендов во просториите на Едриличарскиот центар во Охрид, се одржа редовното годишно собрание на Едриличарската федерација на Македонија.
На Собранието покрај делегатите од клубовите присуствуваа и членовите на Извршниот одбор, Претседателите и членовите на Надзорнот одбор и Дисциплинската комисија, како и други членови од шесте едриличарски клубови во Македонија.
–
Целта на федерацијата ќе биде унапредување и омасовување на едрењето во Македонија, што поголемо учество на првенства и регати во
странство и промоција на нашата земја со своите природни спортски капацитети и потенцијали – истакна Претседателот на ЕФМ, Г-динот Љупчо Поп- Стефанија.
Доделени беа признаниија и плакети, на најуспешниот едриличар во 2009 год.- Ердал Лушо од ЕК СНЕГАР-Струга ,како и на Г-инот Коце Петров за објавената книга-прирачник „ЕДРЕЊЕ“ на македонски јазик .
OHridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com