Едриличарската Федерација на Македонија на традиционалниот собир за Св Никола, заштитникот на спортовите на вода, ги прогласи најуспешните за годината што изминува.

Овогодинишни лауерати се Ердал Лушо од ЕК “Снегар“ – Струга во машка и Александра Заричин од ЕК “АМАК СП Бофор“ – Охрид во женска конукренција. Најуспешен тренер прогласен е селекторот на македонската едриличарска репрезентацијата Драги Келешоски.


Ердал Лушо и Димитар Поп Стефанија на СП

2008 година беше една од најактивните за ЕФМ. Македонските репрезентативци учествуваа на Светското Првенство во класата оптимист во Чешме, Турција, потоа на Балканскиот Шампионат во Романија, како и отвореното првенство за Југоисточна Европа во класата оптимист во Палиќ, Р. Србија. Покрај настапите на овие шампионати, македоснките едриличари учествуваа и на десетина останати регати во странство.

 – Задоволен сум од постигнатото оваа сезона – вели преседателот на федерацијата Љупчо Поп Стефанија. На нашиот деби настап на СП ги завршивме сите трки, додека на останатите натпреварување постигнавме резултати подобри од минатогодишните. Ако во минатото се боревме да ги избегнеме “фенерот“ оваа година отидовме во златната средина, што е одличен резултат со оглед на вложувањата и средствата со кои овај спорт располага.


Поп Стефанија потенцираше дека федерацијата беше доста активна и на домашен план каде организираше четири државни првенства во различни класи, а се одржа и јублејната 40 Меѓународна Илинденска регата.

Тенденција во периодот кој следи за ЕФМ е соработката со МОК каде се остварени првичните контакти за формирање на план и програма за обезбедување на олимписка норма за ОИ 2012 г. во Лондон.

М.Постоловски