Со натпреварите од 1 коло по групи, вечерва во салата „Билјанини извори“ почна хуманитарниот турнир во мал фудбал „Ohrid Freed“, кој се игра во чест на празникот 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид од фашизмот. Второто издание на турнирот на кој учествуваат 16 екипи беше отворено со куса церемонија и интонирање на химната на Македонија.
На стартот на турнирот силите ги одмерија Хотел Инекс Олгица и РЕК Битола. Во интересен меч Хотел Инекс Олгица славеше со 3:2.
Возбудувањата не изостанаа ниту на вториот натпревар вечерва помеѓу ЛТХ Леарница и ЈП Водовод Охрид кој заврши со резултат 2:4.
Во третиот меч Гостилница кај Мече убедливо ја совлада екипата на ЈП Нискоградба Охрид со 5:0. Убедлива победа во последниот натпревар извојува екипата на Костал Македонија која го совлада ЈП Колекторски Систем со 6:1.
Резултати од хуманитарниот турнир во мал Фудбал „Ohrid Freed“ 24.10.’24
Хотел Инекс Олгица – Рек Битола 3:2
ЛТХ Леарница – ЈП Водовод Охрид 2:4
Гостилница кај Мече – ЈП Нискоградба Охрид 5:0
Костал Македонија – ЈП Колекторски Систем 6:1
Турнирот продолжува во петок со нови четири средби по групи во кои се среќаваат:
19:00 Кафе Бар 9 Струга – Провелд Матал Дизајн Волино
20:00 Магна – ЈП Комуналец
21:00 АСП ПАК – Бел Мерцедес
22:00 ОДВ Електрик – Општина Охрид
Г.М.
Фото: OhridNews