Со три натпревари вечерва почна 18 издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2023“. Ако по утрото денот се познава, не очекува ефикасен турнир.
Први на мегдан излегоа минатогодишниот победник АСП ПАК и Вила Мина. Славеше АСП ПАК со 3:0. Во вториот меч паднаа седум гола, Св. Троица – Вабко сервис Џуте 3:4. Во последниот натпревар вечерва Рики Мебел – Брумел 1:2.
Турнирот продолжува во четврток со две средби.
20.07.2023 (четврток)
21:00ч. Лакочереј – Ресторан Станица и Викса Пром
22:00ч. Кадмо Плажа – Македонија
Г.М.