Серијата без пораз во Премиер лигата, кам бекот за пласман во ТОП 4 и добрите игри на екипата под водство на Оле гунар Солскјаер (ќе) го предомислат шпанскиот голман Давид де Геа.
28-годишниот чувар на мрежата подготвен е да ја продолжи верноста со „црвените ѓаволи“ и да стави потпис на нов договор. Стариот договор на Де Геа истекува следната сезона, а Шпанецот според новиот би требало да заработува 350 000 фунти неделно.
Продолжување на договорот на Де Геа би значело нова победа на Солскјаер, кој кога дојде во клубот на местото од Жозе Мурињо наиде на големо незадоволство помеѓу фудбалерите. До сега ефектот на Солскјаер ги предомисли Фил Џонс, Ешли Јанг, Крис Смолинг и Ентони Марсијал, кој беше еден од најнезадоволните фудбалери под палка на Мурињо.
Шпанецот на Олд Трафорд пристигна 2011 година по инсистирање на Сер Алекс Фергусон, кој лично го следел и се уверил и рака на срце не погреши околу изборот за голман.
OhridNews