И покрај целта поставена од ЕУ во 2015 година, сите водни површини да бидат оценети како вода со добар квалитет, само околу една третина од површинските води во Европа се во добра состојба, се вели во извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).
Според податоците од 19 земји-членки собрани од ЕЕА во 2021 година, околу 37 отсто од површинските води во Европа имаат барем добар еколошки статус, додека 29 отсто имаат добар хемиски статус, објави Гардијан.
Првичниот рок за постигнување на целта на ЕУ е продолжен до 2027 година, но податоците покажуваат дека тој рок ќе биде пропуштен со големи отстапки.
Состојбата со водата во Европа не е добра. Нашите води се соочуваат со голем број предизвици кои ја загрозуваат безбедноста на водата во Европа, рече Лина Ила-Мононен, извршен директор на ЕЕА.
Извештајот на ЕЕА покажа дека земјоделските активности имаат најголемо влијание врз површинските и подземните води на Европа, бидејќи премногу вода се испумпува додека се испуштаат премногу загадени отпадни води, а исто така го наведува влијанието на термоелектраните што ослободуваат токсични честички.
OhridNews