Македонската машка ракометна репрезентација славеше тесно над Бугарија со 33:30 на гостувањето во Варна, во првиот натпревар од предквалификациите за пласман на СП 2009 што ќе се одржи во Хрватска.

Срамот беше избегнат во последниот квартал од натпреварот откако бугарите го добија првото полувреме со 15:14. Тогаш со мини серија Македонија направи осетна апредност која ја задржа до крајот на натпреварот.

На оваа средба Македонија настапи без неколку стандардни репрезентаивци и без капитенот Кире Лазаров кој и е лут на РФМ.

За евентуален пласман во баражот на Македонија и е потребна победа против Бугарија и во реваншот, како и подобар скор во меѓусебниот дуел со  Португалија која на два пати убедливо ги совлада нашите соседи.

ohridnews