Преку проектот децата се запознаваат со поимот електрична енергија, видовите на енергија кои се користат во домовите и изворите на енергија, кои се опасностите од небезбедно користење на електричната енергија и начинот тие да се избегнат. Тие исто така се запознаваат и со начините на заштеда на електрична енергија.
Примарна целна група се децата од 3 и 4 одделение во сите основни училишта во Р. Македонија, а секундарна целна група се родителите на децата и наставниците по предметите запознавање на природата и општеството и запознавање на природата. Младински Совет Охрид проектот ќе го реализира во основните училишта во Охрид, Белчишта, Струга, Ресен, Кичево Центар Жупа, Зајас, Осломеј и Дебар, како и во Лескоец, Рача, Подгорци, Подмочани, Мислешево, Октиси, Стрелци, Србица, Грешница и Новак.
Проектот започна на почетокот на месец октомври, и ќе се реализира во текот на учебната 2008-1009 година при што ќе бидат опфатени 1300 ученици.