Во рамките на своите здравствено-превентивни активности, а како дел од одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања (21-28 февруари), Црвен крст Охрид организираше низа активности насочени кон превенција на срцевосадовите заболувања.

Денеска, во просториите на Црвен крст Охрид се организираше едукативно предавање за превенција, третман и лекување на болестите на срцето и крвните садови, кое д-р Соња Стурлакова Димовска, го одржа на корисниците и волонтери од Програмата – Грижа за стари лица -“Најди време” и пензионерите од Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца, информираат од Црвен крст Охрид.

Болестите на срцето и крвните садови се водечка причина за смрт во нашата држава. Според СЗО, 17,5 милиони луѓе умираат од срцевосадови заболувања секоја година, од кои 7,3 милиони од коронарна срцева болест, а 6,2 милиони од инфаркт.

Според податоците на Институтот за јавно здравје повеќе од 57% од сите смртни случаи во нашата земја се последица на оваа група на болести.

OhridNews