Во државава секоја година се откриваат околу 6.000 нови случаи на заболени од рак. Овие бројки се навистина застрашувачки и алармантни. По повод неделата на борба против раков од 1 до 8 ми март че бидат преземени низа активности за подигнување на јавната свет за рана превенција.
Со цел заеднички да придонесеме во подигање на јавната свест за важноста од превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања, општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје ќе организираат едукативни работилници и предавања за широката популација. Со овие едукативни работилници ќе се опфатат различни целни групи, млада популација, ученици од средно училиште, како и повозрасна популација согласно полот и ризикот од појава на одреден вид на малигно заболување, информираат од Црвен крст.
Исто така, додаваат, ќе се споделуваат и објави на социјалните мрежи со пораки за превенција од појава на малигни заболувања.
Инаку, во светото секоја година заболуваат над 12 милиони луѓе од некој вид на малигни заболувања, а 7,6 милиони умираат како последица на болеста.
OhridNews