Tридневна креативна работилница со ликовно творење и забава започнува денеска во кафѐ и бар „Шила“ во организација на охридскиот “Арт Центар“. Работилницата е наменета за деца од 6 до 16 години а часовите ќе ги држат искусни ликовни педагози.

Престојниот настан е уште еден во низата квалитетни културно-уметнички случувања организирани во „Шила“ – концептуалниот бар и кафѐ во срцето на охридската чаршија кој прераснува во вистинска алтернативна арт-сцена во Охрид. Отворени за соработка и споделување на уметноста во секоја нејзина форма, од „Шила“ ги охрабруваат креативците да ги контактираат за промоција на своето дело.

OhridNews