Од почеток на годинава, СВР Охрид и РСБСП, отпочнаа со реализација на проектни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Притоа, полициски службеници од Отсекот за превенција, во рамки на кампањите „Користи зимска опрема“, „Биди одговорен -не пиј додека возиш“, низ непосредна комуникација со возачите на моторни возила во сообраќајот им укажуваат на неопходноста од внимателно возење спрема условите и состојбите на патот, на можните последици од неприлагодената брзина како и на придржување до законската обврска за носење и соодветна употреба на зимската опрема, информираат од СВР Охрид.
Во оваа насока полициските службеници на возачите им поделија и едукативни летоци со корисни сообраќајни совети.
OhridNews