Во рамките на Програмата на Координативното тело за превенција од болестите на зависност во Големата сала на Општина Охрид денеска со почеток во 14.00 часот ќе се одржи едукативна работилница.

Работилницата е наменета за стручните работници од основните и средните училишта,а темите се „Очекувања, искуства, предности и слабости во досегашниот третман на болестите на зависност“ и „Потреби, цели  и значењена раното дијагностицирање и организиран третман на болестите на зависност“.

Модератор и предавач ќе биде др. Љупчо Кеверески.

ohridnews