Инспиративна, едукативна, онлајн работилница на тема: Научи вештини за да го водиш својот живот (Learning skills to lead your life) ќе се одржи во организација на Црвен крст Охрид и организацијата Canadians for Children at Health Risk, од Торонто, Канада.
Домаќини на оваа работилница, која ќе се одржи на 26.03.2025 г. (среда) со почеток во 20:00 часот во просториите на Црвен крст Охрид, ќе бидат младите волонтери од Клубот на млади на Црвен крст Охрид, а добредојдени се сите оние кои сакаат да научат да практикуваат животни вештини за здрав и успешен живот. Фасилитаторот на работилницата ќе биде Dr. Raphael Lindsay од Торонто, Канада, кој ќе изнесе многу корисни совети и стратегии кои ќе им помогнат на младите, информираат од Црвен крст Охрид.
Во ова насока ќе се говори за тоа како младите да се охрабрат едни со други и оспособат преку различни активности за грижа за себе и јакнење на самодовербата и да се мотивираат и поттикнат да останат ангажирани за помош во заедницата и позитивен живот.
Ги покануваме сите оние, од 16 до 25 годишна возраст, ентузијастични, амбициозни и посветени млади кои своите капацитети, знаења, спобоности и слободно време ги инвестираат во себе и заедницата, да ја искористат и оваа можност за надоградба на своите животни вештини и навики, додаваат од Црвен крст Охрид.
OhridNews