Од 4-ти до 8-ми ноември во НП Галичица ќе биде реализирана едукативна недела во рамки на која секој ден ќе биде опфатена различна тематска содржина.
Едукативната недела започнува со “Истражуваме во природа”, активност која ќе биде рализирана од страна на Ангела Тасеска Михајловска и истата е наменета за ученици од 5-то до 9-то одделение.
Следни “Екосистемски услуги” со Константин Здравески од здружението за екологија Екоменлог, работилница наменета за ученици од средното образование.
“Учиме за кафеавата мечка” ќе се реализира на 6 ноември, а нешто повеќе за кафеавата мечка, со што се храни, зошто е значајна, дали е заштитена во нашата земја, нејзина биологија и екологија и како се врши мониторинг ќе објаснат Дарко Китаноски и Наум Илиески од Еко-Свест од Вевчани.
За “Пештерите и лилјаците во НП Галичица” ќе говори наставничката по географија Татјана Пуцоска Бунчевска на 7-ми ноември, а работилницата е наменета за ученици од 5-то до 9-то одделение.
Неделата со едукативни предавања завршува на 8 ноември со предавањето за “Паметно и безбедно однесување во планина” од страна на Димитри Димитров, долгогодишен искусен планинар. Оваа работилница е наменета за ученици од 3-то до 6-то одделение.
Од НП Галичица посочуваат дека за сите работилници потребна е претходна пријава со име, презиме и одделение на меил [email protected], а работилниците може да се посетат индивидуално, со родител или во договор со наставник.
OhridNews